Организаторите на азиско-пацифичкиот фестивал на креативноста „Spikes Asia”, што ќе се одржи од 23 до 26 септември во Сингапур, најавија дека наградата за огласувач на годината ќе ѝ ја доделат на компанијата „Кока-Кола”.
Организаторите наведуваат дека еден од добрите примери на делувањето на „Кока-Кола” во азиско-пацифичката област беа спонзорските активност на Светското првенство во фудбал, при што со помош на креативните активности на социјалните мрежи беа поврзани и потрошувачите од Индонезија, Јапонија, Кина, Кореја и Индија.
Последните неколку години „Кока-Кола” доби бројни награди за своите маркетинг-активности.
На минатогодишниот „Spikes Asia” компанијата доби 14 награди во 7 натпреварувачки категории, што е уште еден доказ дека наградата за огласувач на годината сосема е заслужена, реча Тери Севиџ, претседател на „Лајонс фестивалс”, организаторот на фестивалот.