Фокусот е насочен кон еден симпатичен херој кој секој ден треба да поправи нешто – на себе, на работа или во меѓучовечките односи.
Агенцијата Imago Ogilvy и брендот Pan креираа нова, интересна кампања која продолжува да ја превзема неискористената пивска територија – чувството за петок. Во ова, најголема заслуга имаа потрошувачите кои, според нивното искуство, го избраа Pan Pilsner како пиво што најмногу одговара на титулата пиво со вкус на петок.
На задоволство на сите оние кои сакаат и петок и пиво, оваа година брендот Pan ја проширува платформата и на други производи од своето портфолио. Така, Пан Златни, Пан Лагер и Пан Пилснер со новата кампања се претставени како пива со чувство на петок секој ден.
„Имавме многу предизвикувачка задача во која требаше во еден спот да опишеме три различни пива на новата заедничка територија на чувството на петок. Дојдовме до идеја да го направиме тоа со модуларни видеа кои сите всушност произлегуваат од едно видео. Фокусот е насочен кон еден симпатичен јунак кој секој ден треба да поправи нешто – на себе, во својата работа или во меѓучовечки односи. Кога сака да си го поправи својот ден, му помагаат доброто друштво и освежителните пива Пан, со кои може да се чувствува како да е петок. Со мала промена на дејството во сцените, добивме многу опции кои што сочинуваат неколку различни спотови. Како што сите наши денови се слични, но сепак се разликуваат по нешто, така и овие видеа имаат ист скелет, раскажуваат иста приказна, но секогаш на малку поинаков начин“, рече Дарко Боснар, креативен директор на агенцијата Imago Ogilvy.
„Минатата година лансиравме пиво со вкус на петок, а по добрите реакции на потрошувачите кои докажаа дека пиво и петок одат совршено заедно, одлучивме дека секој ден може да биде малку подобар ако во него внесеме малку чувство на петок“, рекоа водечките луѓе на брендот Пан.
Погледнете ги видеата што инспирираат релаксација без оглед на деновите во неделата: