Кога секој има пристап до одлична технологија, креаторите од сите страни на светот можат да ја ослободат својата целосна креативна моќ.
Глобалната кампања за новата линија на Самсунг телефони од серија Galaxy A „Awesome is for everyone“ се фокусира на ерата на видеата во живо, а особено на начинот на кој тие се користат на платформите за социјалните мрежи како Instagram и TikTok.
Со цел да се позиционира Samsung Galaxy A како производ кој мора да го имаат креаторите на Генарација Z кои доминираат на овие платформи, креирано е видео кое им се обраќа на оваа група на начин на кој тие прават тоа: иронично и забавно. Со едноставна, привлечна мелодија и креативи што ги рефлектираат најновите дигитални трендови, рекламната кампања го привлече вниманието на младите потрошувачи ширум светот.
Паметните телефони Samsung Galaxy A се фокусираат на карактеристики кои им се најважни на корисниците, како што е извонреден екран, моќна камера и долготрајно траење на батеријата, совршено прилагодена за луѓе кои сакаат да ја ослободат својата креативност и да ги споделат своите искуства на социјалните медиуми.
Позитивната реакција привлече и #danceAwesome предизвик, инициран во партнерство со групата BLACKPINK, а предизвикот на социјалните мрежи ја долови фантазијата на младите низ целиот свет, генерирајќи 4,7 милиони видео содржини создадени од корисници и надминувајќи 20,2 милијарди прегледи на „ТикТок“.