Да се биде успешен претприемач овие денови може да значи многу работи, но најмногу бара висок степен на амбиција и позитивен резултат. Бидејќи сè повеќе жени добиваат сила и храброст за реализација на сопствените идеи за бизнис, тие стануваат сериозен дел од нашето општество. Нивниот успех не само што произлегува од амбициозноста, напорната работа и инспирацијата, туку потекнува и од нивната способност да се борат да ја преживеат секоја „бура“ во процесот и да не прифаќаат НЕ за одговор.
Сите можеме да учиме од примерот на овие жени.
Затоа тимот на KARIERA.mk одлучи да ја започне оваа кампања за поддршка на жените-претприемачи со тоа што ќе ги понуди своите услуги на сите заинтересирани жени-претприемачи за промоција на нивните компании преку ПР текстови, интервјуа и споделување на успешни приказни на вработените, социјални медиуми со над 500 000 фанови, како и за бесплатно огласување за новоотворени работни позиции со цел да се овозможи наоѓање квалитетен кадар кој дополнително ќе го зацврсти успехот на нивните компании.
KARIERA.mk е онлајн мрежа за вработување од 700 000 луѓе и претставува сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој е резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 15 годишно искуство во HR и IT индустријата.
Оваа кампања е веќе поддржана од Здружение на Бизнис Жени, Womenpreneurs Stories и Women in Tech. Очекуваме оваа листа на поддржувачи да се зголеми доста во периодот додека трае кампањата.