Фејсбук утврди дека корисниците најчесто не успеваат да ги раздвојат сатиричните од сериозните вести, па затоа реши да стави крај на овие забуни.
Во иднина, сатиричните страници ќе добијат специјална ознака „Satire Page“ за корисниците веднаш да знаат за што станува збор. До оваа промена дојде затоа што многумина споделуваа сатирични и смешни вести, мислејќи дека се вистински.
Покрај споменатата, страниците ќе добијат уште две ознаки – „Public Official“ и „Fan page“,, со цел содржината на тие страници да биде што е можно појасна и потранспарентна.
Имплементацијата на новите ознаки започна на 9 април, најпрво во САД и веројатно наскоро ќе се прошири и на други земји.
Starting today in the US, we’re testing a way to give people more context about the Pages they see. We’ll gradually start applying labels including ‘public official,’ ‘fan page’ or ‘satire page’ to posts in News Feed, so people can better understand who they’re coming from. pic.twitter.com/Bloc3b2ycb
— Facebook Newsroom (@fbnewsroom) April 7, 2021