Zoom, Peacock и TikTok се брендовите со најбрз раст во 2020 година.
Вообичаено е брендовите да веруваат дека сигурните производи или супериорната услуга се клучни за градење доверба кај потрошувачите. Но, од почетокот на пандемијата, улогата на брендовите во животот на луѓето се промени, а со тоа се сменија и критериумите за лојалност на потрошувачите, што сега вклучува придржување кон мерките за здравје и безбедност, ефективна промена кон дигитално вклучување, па дури и подготвеност да се охрабри вакцинацијата.
Довербата на потрошувачите не е само дополнителен бонус за брендовите, туку нејзиното отсуство предизвикува сериозни последици. Компанијата Morning Consult откри дека 80% од испитаниците престанале да купуваат производи од брендови на кои веќе не им веруваат, а потоа се префрлиле на конкурентите.
Morning Coinsult ги рангираше Google, PayPal, Microsoft, YouTube, Amazon, Sony, Adidas, Netflix, Visa, Samsung, Nike, Nestle, Mastercard, Disney и Colgate-Palmolive меѓу првите 15 најсигурни брендови.
Користејќи увид во однесувањето на повеќе од 300.000 потрошувачи од 15 различни земји, Morning Consult ги издвои оние кои немаат доверба во никого, како и оние кои веруваат во секој бренд, за да добијат просечен рејтинг. Од компанијата велат дека Zoom, Peacock и TikTok се брендовите со најбрз раст во 2020 година.
Податоците покажуваат позитивна врска помеѓу одговорот на брендовите на пандемијата и довербата, при што 21% од потрошувачите им веруваат на брендовите повеќе од порано. Најдобар показател за тоа е усогласеноста со безбедносните прописи и нудење алтернативни решенија за нивните услуги, така што потрошувачите генерално имаат чувство на поддршка за вработените, како и за членовите на општеството.
Ова зголемување на лојалноста доаѓа откако довербата во брендовите го достигнаа најниското ниво во 2019 година, кога студијата на Salesforce покажа дека 54% од потрошувачите веруваат дека компаниите не прават деловни активности во нивен најдобар интерес.
извор: Adweek