Компаниите Mention и Hubspot анализираа повеќе од 100 милиони Инстаграм објави споделени од 1 милион корисници и го создадоа извештајот Instagram engagement report 2021.
Извештајот е достапен бесплатно и претставува супер ресурс за сите македонски маркетери кои добиваат податоци врз основа на кои ќе може да ја дизајнираат Инстаграм стратегијата за своите клиенти и податоци кои ќе им помогнат во соработката со инстаграм инфлуенсерите.
Некои од заклучоците кои можат да се видат во извештајот се и:
- Најмногу интеракции има на Инстаграм акаунти кои се поврзани со убавина и козметика
- Карусел постовите се тип кој добива најмногу интеракции (пред single image или видео), во просек по 62 лајкови и 5 коментари.
- 53,6% од Инстаграм акаунтите имаат помалку од 1000 следачи
- Во однос на гео-тагирањето, најтагиран е Лос Анџелес, а најмногу интеракции се добива на постови каде тагиран е Беверли Хилс.
- За да се добијат најмногу интеракции, описот треба да биде во опсег од 500 до 1,000 или од 1,000 до 2,000 каракетери.
Според овогодишното истражување, просечен Инстаграм акаунт има 6,93 хаштази, што е намалување во споредба со минатата година (кога просекот беше 10,74). Сепак, медијаната е само 1 хаштах, што ни кажува дека 50% од Инстаграм постовите вклучуваат 1 или 0 хаштази
при своите објави.
Оптимален број на хаштази за да се добијат најголем број на интеракции е еден (1) хаштаг. Бројот на интеракции на постови кои имале 1 хаштаг бил значително поголем од тие со 0 хаштази.
Целиот извештај од Hubspot може да се симне од овој ЛИНК.