Бројот на телевизиски гледачи на овогодинешната церемонија на доделувањето на Оскарите падна на 9,85 милиони, речиси дупло помалку од претходниот минимум, продолжувајќи го трендот на опаѓање на бројот на гледачи за преносите на овие церемонии.
Според прелиминарните проценки на компанијата Нилсен, бројот на гледачи на 93-та церемонија на доделувањето на Оскарите бил 58 проценти помалку од минатогодишните 23,6 милиони, што беше претходна рекордно ниска гледаност.
Продуцентите се обидоа да направат некои измени, организираа настан без водители, со мала публика од актери и уметници номинирани за наградата кои не носеа маски. Меѓутоа, во година кога киносалите беа главно затворени, луѓето или не беа запознаени или не беа многу возбудени за филмовите што ги гледаа првенствено преку стриминг од дома.
И преносот на Златен глобус, со 6,9 милиони гледачи и Греми музичките награди (9,2 милиони), одржани на почетокот на оваа година, имаа рекордно ниска гледаност.