Британскиот дневен весник The Guardian одбележува 200 години од своето основање во 1821 година со нова кампања во која се истакнува дека развојот на медиумот е континуирана работа која трае (“A work in progress since 1821”).
Кампањата се фокусира на независната сопственост на медиумот и прогресивниот глас кој го следи низ овие два векови, истовремено поттикнувајќи ги читателите да ја подржат неговата публикација.
Дел од кампањата се три видео спотови од 30-тина секунди кои ја истражуваат идејата на прогресот во однос на животната средина, еднаквоста и човештвото.
Кампањата ќе вклучува и билборди во Лондон и Манчестер (сегашното и поранешното седиште на The Guardian), со пораки како: “Reader funded not billionaire backed” и “The cat among the pigeons”. Исто така ќе бидат емитувани реклами на повеќе популарни подкасти, вклучувајќи ги Cheerful, Kermode on Film, Adam Buxton, Scummy Mummies и Intelligence Squared.
Кампањата е создадена со помош на in-house агенцијата Oliver и продукциската куќа Independent Films.