McCann Загреб, во соработка со Рајфајзен банка Хрватска, креираше три кампањи кои раскажуваат приказни од реалниот живот. Во време кога целата земја беше погодена од здравствената криза, а многу жители беа шокирани од земјотресите и промените, беше потребно да се промени досегашниот тон на комуникација. За Рајфајзен банка Хрватска најважен е фокусот на клиентот, па тие ја истакнаа важноста за решавање на реалните проблеми со кои се соочуваат нивните клиенти, а агенцискиот тим креираше нова комуникациска платформа – „Приказни од реалниот живот“.
„Во новото секојдневие кое што драстично се промени, корисниците повеќе од било кога бараат партнери меѓу компаниите кои ќе бидат пофлексибилни и ќе им помогнат да ги решат своите специфични желби, потреби или проблеми. А секое нивно барање е различно затоа што секој корисник е посебен. Затоа сме сигурни дека оваа платформа ќе биде препознаена од корисниците бидејќи го комуницира токму тоа – со својата флексибилност и индивидуален пристап може да му помогне на секој клиент на неговиот животен пат и да му го направи животот поквалитетен“, изјави Маја Тонковиќ, акаунт директор во агенцијата McCann Загреб.
„Фокусот на Рајфајзен банка Хрватска е насочен кон нашите клиенти. Свесни сме за важноста на решавањето на реалните проблеми со кои се соочуваат нашите клиенти. Животот носи предизвици за секој од нас, а ние како банка сакаме да им покажеме на нашите клиенти дека навистина се грижиме како се чувствуваат и да покажеме дека мислиме на нивните човечки и деловни потреби. Затоа, проактивно бараме решенија, настојуваме да им го олесниме животот на нашите клиенти преку нашите производи и услуги и секојдневно работиме на тоа преку едноставност и врвна услуга за да обезбедиме искуство без стрес. Сакаме да креираме врвно корисничко искуство за нашите клиенти,”додаде Гордана Перишкиќ, извршен директор за маркетинг и CRM на Рајфајзен банка Хрватска.
Следниот ТВ-спот нè мотивира да уживаме во животот, преку флексибилност и индивидуален пристап на мобилното банкарство.
Последната приказна, која заокружува сè, зборува за есенцијалната улога на банката во животот на корисниците. Апликацијата за мобилно банкарство им овозможува на корисниците да бидат пофлексибилни, т.е. да почувствуваат многу поголема слобода, а протагонистите на ТВ-спотот, преку ноќ донесуваат одлука да одат на пат затоа што навистина им е потребен во тој момент, а истовремено ја задржуваат целосната контрола над управувањето со сопствените финансии, каде и да се наоѓаат. Со други зборови, банката е тука за да им обезбеди на своите клиенти подобар квалитет на живот. А секој корисник има своја животна приказна. Рајфајзен банка е тука за сите нив.
Повеќе информации за кампањата можете да пронајдете на сајтот на агенцијата.