Брендот на гуми за џвакање Extra Gum, во сопственост на компанијата Mars Wrigley, лансираше нова хумористична кампања за британскиот пазар во која замислува „идеализирана“, а помалку и „претерана“ верзија на светот после ослободувањето од пандемските мерки.
Централниот спот на кампањата ја отсликува поведрата страна на реалноста и новооткриената енергија што ја имаат луѓето по нивното „бегство“ од досадата на карантинот.
Рекламата е исполнета со возбуда и воодушевување на луѓето кои конечно можат да се посветат на активности без физичко дистанцирање, вклучувајќи работни состаноци во живо, страствено бакнување во парк и враќање кон вообичаените утрински рутини.
Процесот на вакцинација е до половина бат во Велика Британија, а од Mars Wrigley се надеваат дека кампањата ќе ги охрабри Британците да ја вратат својата самодоверба и да уживаат во една поенергична 2021, наспроти тешката 2020 година.
Хумористичната кампања е создадена од страна на агенцијата Energy BBDO и продукциската куќа MJZ.