Изминативе денови (од 10-ти до 13 септември) во Албена, Бугарија се оддржуваше фестивалот на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции ФАРА 2014. Фестивалот има за цел да направи преглед на постигнувањата во бугарската рекламна индустрија за време на 2013 и 2014 г. и да ги награди најдобрите примери во неколку категории.
Noble Graphics беше прогласена за најдобра маркетинг агенција во Бугарија за 2014 година, а “Загорка” АД – огласувач на годината на овогодинешниот ФАРА фестивал. Кампањата “Дневник на бугарската реалност”, која што Noble Graphics ја создаде за dnevnik.bg, освои пет златни награди во различни категории на натпреварувањето.
“Во последните неколку денови, луѓето тука зборуваат меѓу себе дека оваа година е послаба. Експлицитно сакам да кажам дека тоа е само количествена мерка. Квалитативно, номинациите оваа година се многу добри” – рече претседателот на жирито и креативен директор на DDB Софија, Јордан Жечев. ФАРА се одржува петнаесет години по ред во Албена и има за цел да ги одликува најкреативните маркетинг идеи за изминатите 12 месеци.
Победници
Во последните две години на натпреварувањето Noble Graphics се наоѓаа на второто место за најдобра марекетинг агенција. Оваа година успеа да го престигнат минатогдишниот победник DDB Софија. Трето место во креативната категорија остана NEXT-DC, која пак го освои приматот “Медиска агенција на годината” втора година по ред.
“Дневник на бугарската реалност” на dnevnik.bg беше најнаградуваната кампања на Noble Graphics и освои златни награди во категориите “Комуникациска кампања”, “ТВ реклама и кинореклама”, “Прес реклама”, “Внатрешна реклама” и Art Direction.
Агенцијата освои награди и за рекламите “Свежо од планина” за “Пиринско пиво”, “Куфер-телевизор” за Fox International Channels и “Закачалки” за јога студиото Omnitom. Последните месеци беа силни за агенцијата – пролетта Noble Graphics зеде најмногу награди на натпреварот за рекламна ефективност Effie, а малку после тоа Желез Атанасов и Владимир Герасимов од агенцијата освоија златна награда Young Lions во Кан на најпрестижниот маркетинг натпревар во Европа.
Кампањата “Билет” на DDB Софија за Меѓународниот филмски фестивал во Софија беше најнаградуваниот проект на агенцијата за оваа година. Благодарение на неа во 2014 година фестивалот за прв пат реши да го промени начинот на кој ги продава билетите – наместо само на билетарата на НДК, се продаваа во конзерви во над 200 продавници во Софија. Секој билет можеше да биде искористен за речиси секоја проекција откако ќе биде регистриран онлајн. Кампањата ја зголеми посетеноста на Софија Филм Фестивал за над 30%. Кампањата освои златни награди во категориите One-to-One Communication и “Дизајн на паковка”, сребро во “Digital: Интерактивна кампања”, “Комуникациска кампања: општествена, медиумска, политичка”, “Корпоративен идентитет” и Out of home: Ambient.
Нови учесници
Tribal Worldwide и FourPlus се двата свежи учесници на ФАРА 2014, кои си отидоа со награди. Првата агенција беше создадена само пред една година и е дел од групата на DDB Софија. Tribal веќе има одличја за One-toOne Communication (три сребрени награди за кампањата “Најлесниот начин да засвириш на пијано” за Фондацијата “XX Триола-Квинтола” и за “Портрет на чинија” за Агитпроп), за “Внатрешна реклама” (однов за истите два проекти), како и во “Корпоративен идентитет” (за идентитетот на “8PM”). FourPlus освои една креативна награда на ФАРА 2014 – бронза во категоријата “Комуникациска кампања: Стоки” за Sprite Graffiti Fest. Истата кампања и’ донесе на агенцијата и награда во медиската категорија на фестивалот (сребро во “Нови комуникациски канали” и бронза во “Медиска кампања”).
Во продолжение погледнете ја листата на добитниците на златна награда:
КРЕАТИВНИ КАТЕГОРИИ
ФИЛМ/ТВ РЕКЛАМА И КИНРЕКЛАМА/СОЦИЈАЛНА, ПОЛИТИЧКА, МЕДИУМСКА РЕКЛАМА
“Дневник на бугарската реалност (серија од 5)”, Огласувач: Икономедиа, Агенција: Noble Graphics
ПРЕС РЕКЛАМА/СОЦИЈАЛНА,ПОЛИТИЧКА, МЕДИУМСКА РЕКЛАМА
“Дневник на бугарската реалност (серија од 8)”, Огласувач: Икономедиа, Агенција: Noble Graphics
OUT OF HOME / ВНАТРЕШНА РЕКЛАМА
“Дневник на бугарската реалност (серија од 8)”, Огласувач: Икономедиа, Агенција: Noble Graphics
OUT OF HOME / AMBIENT
“Закачалки”, Огласувач: Omnitom, Агенција: Noble Graphics
ДИЗАЈН И ТЕКСТ / ПАКОВКИ И ЕТИКЕТИ
“БИЛЕТ”, Огласувач: Sofia International Film Festival, Агенција: DDB Софија
и
“Лудо Младо”, Огласувач: Винарија Орбелија, Агенција: Studio Enthusiasm
ДИЗАЈН И ТЕКСТ / ART DIRECTION
“Секој заб со број,серија од 4”, Огласувач: Medical Dent, Агенција: The Smarts
и
“Дневник на бугарската реалност”, Огласувач: Икономедиа, Агенција: Noble Graphics
DIGITAL / ВЕБСАЈТОВИ, МИКРОСАЈТОВИ И МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ
“Heineken: #80kmtospace”, Огласувач: Загорка АД, Агенција: NEXT-DC
DIGITAL / ИНТЕРАКТИВНА КАМПАЊА
ЗЛАТО
“Heineken: #80kmtospace”, Огласувач: Загорка АД, Аенција: NEXT-DC
АВТОРЕКЛАМА
Little Book of Prayers, Агенција: Ogilvy Group
ONE-TO-ONE COMMUNICATION
“БИЛЕТ”, Огласувач: Sofia International Film Festival, Агенција: ДДБ София
и
“Остварување на желба”, Огласувач: MasterCard Europe Бугарија, Агенција: reforma
и
Heinеken: The better halves, Огласувач: Загорка АД, Агенција: NEXT-DC
КОМУНИКАЦИСКА КАМПАЊА/ СТОКИ
Heineken: The better halves, Огласувач: Загорка АД, Агенциа: NEXT-DC
КОМУНИКАЦИСКА КАМПАЊА / ОПШТЕСТВЕНА; ПОЛИТИЧКА И МЕДИУМСКА РЕКЛАМА
“Дневник на бугарската реалност”, Огласувач: Икономедиа, Агенција: Noble Graphics
МЕДИУМСКИ КАТЕГОРИИ
ИНОВАТИВНА УПОТРЕБА НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ
“Билет”, Огласувач: Меѓународен Филмски Фестивал Софија, Агенција: Оптимум Медија ОМД
НОВИ КОМУНИКАЦИСКИ КАНАЛИ
“Куфер-телевизор”, Огласувач: Fox International Channels Бугарија, Агенциja: Noble Graphics
ДИГИТАЛНА КАМПАЊА
Heineken: #80kmtospace, Огласувач: Загорка АД, Агенција: NEXT-DC