Според The Good Report единственото рангирање во светот за најдобра употреба на креативни комуникации за промовирање на одржливост и општествена одговорност за подигнување на свеста за главните социјални и еколошки проблеми, агенцијата McCann Белград е рангирана на 17-то место меѓу Топ 25 најуспешни агенции во светот. Кампањата „Ви благодариме доктори“, која изминатата година беше симбол на благодарност и поддршка на здравствените работници, се истакна на 12-то место на листата на ТОП 40 кампањи што промовираат добро.
„Многу сме горди што McCann Белград е препознаен од светските експерти и медиумите како тим чија филозофија на одржлива креативност им дава сила и потенцијал на многу проекти и идеи. Особено сме задоволни од досегот и реакциите што ги постигна кампањата „Ви благодариме доктори“, затоа што во нејзината основа е нашата посветеност кон целите на одржлив развој и пошироко општествено значење“, рече Јелена Јазиќ, директор на агенцијата McCann од Белград.
Според ова рангирање, McCann Worldwide е на 4-то место на светски агенциски мрежи што промовираат добро, благодарение, меѓу другото, и на успехот на кампањата „Ви благодариме доктори“.
Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на McCann Белград, додава: „Од прогласувањето на пандемијата, ние се обидуваме да најдеме дополнителна смисла и сила во нашата работа, а силата на нашата креативност е во моќта и во најпредизвикувачките времиња да го осветли патот и да се стави во служба на нешто поголемо и поважно од нас самите. Многу сум горда на нашиот тим кој не се откажува од идеите, мотивацијате и ентузијазмот “.
The Good Report е единствена глобална ранг-листа (креирана во соработка со WARC Rankings) за најдобра употреба на креативните комуникации за промовирање на одржливост и општествена одговорност за подигнување на свеста за главните социјални и еколошки проблеми.
Ранг листата на сите агенции и кампањи можете да ја пронајдете на The Good Report.