После 14 месеци откако KFC го повлече популарниот слоган “It’s finger lickin’ good!” („Добро, прсти да излижеш!“) од британскиот пазар, сега тој се враќа во новата кампања која им оддава љубов на фановите на крцкавото поховано пилешко.
Централниот спот во кампањата насловена “Love You Too” прикажува разни ситуации во кои фановите на KFC уживаат во својот омилен оброк и на дело ја покажуваат лојалноста кон брендот. Спотовите се пропратени со сензуалниот хит на Бери Вајт – “You’re the first, the last, my everything“.
Рекламите исто така укажуваат на претходната „непристојност“ да се лижат прстите во пандемиски услови. Имено, непосредно пред почетокот на пандемијата минатата година, KFC лансираше кампања фокусирана токму на лижењето прсти, која потоа била пријавена 163 пати до државиот регулатор за огласувачки стандарди.
Како одговор на ситуацијата, KFC го повлечи својот познат слоган, цензурирајќи (заматувајќи) го од своите реклами. Потоа брендот лансираше кампања со која бараше предлози за нов привремен слоган. Меѓутоа, како што ситуацијата со пандемијата се смирува во Британија, така се создадоа услови и за враќање на стариот препознатлив слоган.
Новата кампања е создадена со помош на креативната агенција Mother London.