Американскиот холдинг-конгломерат AT&T ја здружи својата компанија WarnerMedia со ривалот Discovery, ефективно формирајќи ја втората најголема медиска компанија во светот после Disney.
Во новoформираната компанија, AT&T ќе биде сопственик на 71% од вкупните акции, додека пак останатите 29% ќе им припаднат на акционерите на Discovery. Според проценките, новата компанија ќе има вредност од 132 милијарди долари.
Генерален директор на компанијата ќе биде Дејвид Заслав, досегашен претседател и генерален извршен директор на Discovery.
AT&T ја купи WarnerMedia пред три години, под чија капа се наоѓаат филмското студио Warner Bros и телевизиите HBO и CNN.
Discovery поседува 20 американските телевизиски канали и повеќе меѓународни канали, вклучувајќи ги Eurosport и неколку канали кои претходно беа дел од UKTV.
Двете компании во изминатите години направија значајни чекори во насока на стримингот на интернет, пред сé со лансирањето на платформите HBO Max и Discovery+.
Според Џон Стенки, генерален извршен директор на AT&T, новата компанија ќе биде „глобален медиски лидер кој може да ја изгради една од најголемите стриминг платформи во светот“.
Како главни конкуренти во ваквата намера ќе им се наметнат Netflix, Disney и Amazon.