Откако движењето „Кога ќе бидеш подготвена“ заживеа и предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи и охрабри многу жртви, како на сексуално, така и на други видови насилство, разговорите на оваа важна тема продолжуваат и сега добиваат формален облик преку соработка со Миксер фестивал на кој 26 мај ќе се одржи панел на оваа тема.
Дали сме како земја горди на традиционалниот светоглед и на конзервативните вредности кои се вкоренети во нашето општество? Одговорот е несомнено „ДА“, но дали тоа значи дека темата за сексуално насилство и загрозената позиција на жените во општеството треба да биде „табу“?
Токму кога жените ја отворија Пандорината кутија во последните неколку месеци и проговорија за злоставувањето што го проживеале, стана јасно колку сме неедуцирани и сè уште затворени како општество по однос на ова прашање.
Со оглед на сето ова, не изненадува фактот што во јавноста, после храбрите изјави на жените, се појавуваат познатите реченици „Па зошто не кажа порано?“ или “Зошто токму сега?”. Иако многумина го користеа ова прашање како оружје за омаловажување на жртвите и како основа за недоверба, голем број на луѓе го поставија прашањето поради вистинско недоразбирање на проблемот- тие навистина не знаат зошто и колку време и` треба на жртвата да се појави и да прозбори, односно не знаат дека жртвата мора да биде подготвена за тоа.
Ова е причината зошто креативниот тим на Direct Media United Solutions го иницираше движењето #КогаЌеБидешПодготвена со цел да ја подигне свеста за проблемот и да ја охрабри јавноста да ги поддржи жртвите на насилство во било кој момент кога ќе одлучат да истапат и да се доверат за траумата што ја преживеале.
Откако движењето заживеа и предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи и охрабри многу жртви, како на сексуално, така и на други видови насилство, разговорите на оваа важна тема продолжуваат и сега добиваат формален облик преку соработка со Миксер фестивал на кој 26 мај ќе се одржи панел на оваа тема. Веќе години наназад, фестивалот Миксер се залага за дијалог за важни социјални теми и со голема посветеност ја подигнува јавната свест, па затоа е идеален партнер и поддршка на движењето.
На панелот ќе учествуваат новинарката на неделникот ВРЕМЕ Јована Глигоријевиќ, актерката Анита Манчиќ, новинарот Александар Џурџиќ, извршниот директор на Миксер Иван Лалиќ, додека панелот ќе го води Милош Џајиќ, претседател на Управниот одбор на Центарот за модерни вештини. Учесниците ќе бидат поканети да зборуваат на темата сексуално насилство, положбата на жртвите и односот што нашето општество го има кон толку важни, деликатни теми.