Како дел од својата глобална платформа “The Wonderful Everyday” („Прекрасното секојдневие“), брендот за мебел IKEA лансираше нова реклама насловена “Change a bit for good” („Променете се малку за добро“), која има за цел да го охрабрува еко-одговорното живеење.
Рекламата прикажуваа мал нсереќен робот во стилот на анимираниот филм WALL-E, кој се обидува да се бори против загадувањето на планетата. Роботот се насочува кон собирањето пластичен отпад, но добива краток спој по допирот со вода. Потоа тргнува накај тежок индустриски комплекс, но за малку останува непрегазен од камион. Потоа „впива“ нафта на загадена плажа, но сфаќа дека тоа едвај прави разлика со оглед на обемот на загадувањето.
Со чувство на тага, роботот се враќа дома, кај својата роботска фамилија. Тогаш гледа како тие ги користат производите за одржливо живеење на IKEA со цел да го дадат својот мал придонес кон зачувувањето на животната средина.
Брендот и малиот робот ги повикуваат потрошувачите да се вклучат во заштитата на планетата преку преземањето на мали, но ефективни мерки за да го претворат својот дом во еко-одговорна и одржлива средина.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Mother London и продукциската куќа Pulse Films.