Автор: Бранко Илишев, ко-основач и раководител на тимот за оптимизација во SmartClick
Живееме во чудно време. Технолошки многу напредно но, сепак чудно. Каква и да ти треба информација, го вклучуваш својот смартфон, отвараш Google пребарувач и го впишуваш клучниот збор за кој сакаш да дознаеш нешто повеќе. И понатаму, Google си ја знае работата – ти нуди многу резултати кои биле проценети дека ќе ти дадат одговор или насока за твоето пребарување.
Овој начин на пребарување во светот им овозможува на бизнисите онлајн да направат БУМ во својата индустрија. Колку пооптимизирани се нивните веб страни, толку повеќе органски лидови (луѓе кои пребаруваат со клучни зборови) ќе привлечат, колку повеќе оригинална и уникатна содржина нудат, толку повеќе посетители на веб страната ќе добијат, колку повеќе ќе се издигнат над своите онлајн конкуренти, толку повеќе заинтересирани странки ќе претворат во купувачи.
Но, што од сето тоа се имплементира на македонската интернет бизнис сцена?
За жал, многу малку.
Во Македонија бизнисите не ја користат можноста да допрат до органските лидови, и не знаат да го искористат потенцијалот од органското пребарување. Која е причината?
Игнорирање или несвесност за моќта на Google?
Голем дел од македонските бизниси не се свесни колку е важно да се биде позициониран на Google на правилен начин. Придонесите да се појавиш на првата страница од резултатите на Google се огромни. Еве зошто.
Факти за резултатите на првата страна на Google
- Првите 5 органски резултати на Google заземаат 67.60% од вкупниот број на кликови.
- Првиот позициниоран резултат на Google зазема 28.5% од вкупниот број кликови
- Резултатите на втората страна од Google имаат помалу од 1% CTR (стапка на кликнување)
- 1 од 3 пребарувања од мобилен се поврзани со локацијата
Иако овие статистички податоци се однесуваат на глобално ниво, начинот на кој функционираат пребарувањата е ист насекаде во светот. Тоа значи дека истите правила ќе важат и за македонските бизниси. Ако сопствениците посветат време, пари и енергија за нивните веб стани да бидат оптимизирани, несомнено е дека ќе добијат повеќе веб посетители, па и купувачи на нивните производи и услуги.
Што значи оптимизирана веб страна за интернет пребарувачи?
Оптимизирана веб страна за интернет пребарувачи значи веб страна што има одличен перформанс од техничка гледна точка и нуди интересна оригинална содржина полна со информации и е привлечна за да го задржи вниманието на посетителот.
Кога зборуваме за оптимизација од техничка гледна точка, ова се најважните работи кои треба да бидат оптимизирани:
- Веб страната треба да биде брза – да се вчитува под 2 секунди би било оптимално
- Веб страната треба да биде видлива за роботите на пребарувачите (Google, Bing, Yahoo)
- Веб страната не треба да има непостоечки страни (404 страни)
- Веб страната не треба да има дупликат содржина – ископирана од други страни
- Веб страната треба да биде безбедна, да има SSL сертификат, особено ако преку неа се извршува наплата за добра и услуги.
- Веб страната треба да има добро поставена структура на податоците и XML мапа на сајтот
Што се однесува до оптимизација на содржинските елементи на веб страната, ова треба да биде опфатено:
- Оптимизација на содржината со внесување на целните клучни зборови и фрази, како низ целокупниот текст така и во насловте и поднасловите на страните (H1, H2, H3 наслови)
- Оптимизација на насловот на страниците и мета описот (title tag и meta description) – тоа се краткиот наслов и опис за вашата страна што Google ги вади како резултат на страницата со резултати (види слика).
- Воспоставување на внатрешно поврзување на линковите меѓу страниците на веб страната
- Редовно објавување на нова содржина во вид на блогови кои ќе ги содржат целните клучни зборови како и ќе понудат информации на заинтересираните странки.
Кои чекори треба да ги превземат македонските бизниси?
Никогаш не е доцна да се почне со оптимизација на веб страната. Потребно е решение и желба за успех. За да се оптимизира една македонска веб страна потребен е тим кој ќе се погрижи за веб развојот на страната како и тим за оптимизација кој ќе ја анализира страната, ќе ги најде проблемите со онлајн видливоста и ќе предложи план како да се отсранат тие проблеми и да се подобри целокупниот перформанс. Понатаму, тимот од експерти ќе направи и план и стратегија за понатамошно оптимизирање кое ќе излезе од рамките на веб страната и ќе опфати тактики кои ќе се однесуваат на специфични аспекти директно на глобалната интернет мрежа.
Која е иднината на македонските бизниси онлајн?
Факт е дека интернетет е дел од животот на секоја личност без разлика на годините. Новите генерации растат со вртоглавиот развој на технологијата и за нив, интернетот не е само средство за прибирање информации, туку начин на живот кој е дел од нивното образование, социјален живот, пазарување, и општо земено, суштествување. Поради тоа, пребарувањето на Google со цел наоѓање на производот или услугата што сакаме да ја купиме ќе стане секојдневна навика и во Македонија. Во светот ова трае веќе три децении, a, полека но сигурно и Македонците ги прифаќаат овие начини на онлајн купување.
Со оптимизација на својата веб страна, македонските бизниси ќе го зголемат органскиот сообраќај – бројот на посетители директно преку интернет пребарувачите ќе биде значајно поголем, ќе имаат ефективен план за маркетинг кој природно и бесплатно ќе ги привлекува целните купувачи, ќе ја зголемат свесноста за својот бренд и, на крај, ќе го зголемат својот пазар и ќе ги надминат своите конкуренти.