Креативниот тим на регионалната интернет телевизија Pickbox.tv имаше своја одлична презентација на компанијата на најголемиот регионален настан на комуникациската индустрија Викенд Медиа Фестивал кој деновиве се оддржа во Ровињ, Хрватска, пред повеќе од 4000 посетители од целиот регион.
Слоганот на компанијата “Baci Oko“ (Фрли Око) беше искористен за повеќе интересни активности со кои се привлекуваше вниманието на гостите и се изнудуваше нивни чести посети на централниот Pickbox штанд.
Главната улога ја имаа неколку атрактивни девојки облечени во филмски униформи од дел од најголемите филмски класици кои можат да се гледаат на Pickbox, кои се движеа меѓу посетителите и ги покануваа да “Bacat oko“ …..на нив…и секако на штандот на компанијата.
Таму пак ги пречекуваа одлични дечки кои имаа организирано натпреварување во “Фрлање око“, а најуспешните натпреварувачи добиваа гратис пијалок и ваучер од Пикбокс со кој ќе можат да уживаат еден месец бесплатно во повеќе од 3000 часа филмска содржина.
Се на се одлична презентација на компанијата која направи најголем buzz на фестивалот и принуди многу телевизиски екипи да ги посетат и да со внимание да ги следат сите случувања.