Британската компанија за онлајн обложување Ladbrokes лансираше необична кампања во пресрет на Европското фудбалско првенство, акцентирајќи ја возбудата на фудбалерите и фановите преку ритамот на стотици тапанари.
Рекламата отпочнува со сцена во која еден фудбалер се поготвува да шутира пенал, при што почнуваме да го слушаме неговото забрзано отчукување на срцето. Како што камерата се оддалечува, гледаме дека звукот е всушност произведен од голем број на тапанари кои го исполнуваат фудбалскиот стадион.
Отчукувањето на срцето се претвора во вистинска рокенрол песна, а бројот на тапанари само се зголемува и зголемува. Ги има насекаде – по дневните соби, пабовите, автобуските постојки, улиците и покривите на зградите. Всушност, фановите насекаде ја чувствуваат истата возбуда како и играчот кој треба да го шутира пеналот.
Кулминацијата доаѓа кога фудбалерот конечно се затрчува да го изведе значајниот шут, а спотот нагло завршува со пораката „Овој пат играме заедно“, како што е и насловена рекламата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Neverland и продукциската куќа Rogue Films.