Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска ќе одржи оналјан настан на тема „Медиумска саморегулација – што донесе пандемијата?“
Целта на овој настан е да се разгледа улогата и работата на Комисијата за жалби преку пријавените случаи и да се дискутираат предизвиците на медиумската саморегулација за време на Ковид-19 пандемијата.
Обраќање е најавено на Илона Казарјан, раководителка на Отсекот за комуникации и односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Катарина Синадиновска, претседателка на Совет за етика во медиуми.