Кога синергијата помеѓу агенцијата, клиентот и креативната идеја е беспрекорна, се раѓаат кампањи кои нè инспирираат.
Корпоративните кампањи на компаниите генерално се наменети да исполнат неколку цели, меѓу кои најважната е да го подобрат имиџот на компанијата и тоа најчесто го прават со споделување на својата приказна – онаа која сакаат да ја „вградат“ во перцепцијата на публиката за себе.
Но, што ако својата приказна успеат да ја надополнат преку приказната на некој друг? Приказна која совршено се вклопува во компаниската визија за заедништво на луѓето и определеност за победи…тогаш тоа не е приказна за некој друг, туку станува приказна за сите нас!
Токму ваква корпоративна кампања со носечки слоган „Иднината е светла” ни подарија креативците од Меккен Скопје и Халкбанк АД Скопје која ни носи зрак светлина и надеж за иднината.
Халкбанк уште еднаш покажа дека е компанија во чија корпоративна култура, воедно и комуникациска стратегија провејува храброста, надежта и филантропијата – во ниту еден момент не правејќи никаква отстапка од својот фокус – секогаш луѓе, секогаш нивната иднина и нивните желби, потреби и амбиции.
Кампањата по повод 10-годишнината на Халкбанк на македонскиот пазар има многу широка димензија, таа е своевидно потсетување дека треба да сме истрајни во остварувањето на нашите цели, да веруваме во себе и сопствениот потенцијал и бестрашно да чекориме кон иднината. Визионерски и храбро!
Халкбанк и Меккен Скопје успеаја да испратат импулс на емоција кој резонира на сите нивоа и чиј „животен циклус” нема брзо и лесно да замре. Носечкиот елемент е корпоративната реклама во која преку кратки инспиративни сцени од секојдневието на 10-те наши сограѓани се раскажуваат нивните индивидуални приказни со заедничка порака дека иднината е светла.
Покрај главното видео кое ја раскажува носечката идеа, секој од локалните херои го добива сосема заслуженото време и посветеност преку дополнително изработените индивидуални видеа за нивните животни приказни и планови за следните 10 години.
Сите 11 видеа се концептуално мајсторски осмислени, со одлично сценарио, избор на сцени како и музика.
Осмислено, внимателно и оправдано е направен изборот на луѓе од реалниот живот кои навистина инспирираат и треба да ни служат за пример: почнувајќи од малиот Марко Пејчиновски – охридската гордост кој го преплива Охридското езеро, Илина Арсова која ги освои 7те светски врвови, Фејми Даут – кинематограф на „Медена земја“, преку Лина Ѓорчевска која освојува светски турнири во тенис, Александра Блажевска – наградувана наставничка чиј ентузијазам воодушевува, Катарина Ката Георгиевска – активист за развој на руралниот туризам во с. Оморани, Јована Трајчева – пијанистка која веќе полни концертни сали, Софија Дацева – млада перспективна иноваторка, до Горјан Јовановски – светски ангажираниот иноватор и креатор на апликацијата „Мој воздух“ (сега AirCare) и Дрита Ислами, една од најдобрите млади олимписки атлетичарки.
Кампањата одекнува насекаде и е одлично примена од јавноста, веруваме дека допрва ќе го доживее својот врв и ќе продолжи да живее уште долго.
Од сѐ срце им посакуваме светли денови на Халкбанк како силен бренд на македонскиот пазар, и срдечно им честитаме на храброста и отворените срца на тимот на Меккен Скопје!
Браво дечки!
На следниот ЛИНК може да го погледнете носечкиот спот како и индивидуалните видеа на „хероите“.