Агенцијата Formitas BBDO во соработка со Europlakat дизајнираше иновативен билборд за новиот Citroen Jumper кој на одличен начин ги комуницира најголемите благодети од ова возило.
Билбордот е поставен на плоштадот “Ослободителен фронт“ во Љубљана и на интерактивен начин ја илустрира просторноста и издржливоста на овој модел Цитроен.
Целата кампања покрај овој иновативен билборд вклучува и печатени и радио реклами, веб банери, реклами на социјалните мрежи и повеќе LCD екрани низ главниот град на Словенија.
Погледнете како изгледа билбордот кој ги собра аплаузите на маркетинг јавноста во Словенија:
Извор: MarketingMagazin.si