Стриминг-платформата Netflix лансираше своја онлајн продавница преку која ќе пласира производи инспирирани од играните серии во нивна продукција.
Netflix планира да се здружи со тим на дизајнери кои ќе создаваат облека, играчки и игри инспирирани од најпопуларните серии кои можат да се гледаат на платформата.
Онлајн продавницата ќе биде достапна преку интернет адресата www.netflix.shop, меѓутоа на почетокот само за купувачи од САД. Во иднина, компанијата планира да ја прошири својата продавница и за други држави со многу поголем број на производи.
Засега, на продавницата се достапни само производи, односно облека и фигурини, инспирирани од анимираните серијали Yasuke и Eden, како и декоративни предмети од трилер серијата Lupin.
Пред нецел месец, Netflix во соработка со модната куќа Halston ја лансираше и својата прва колекција на луксузна облека, како дел од промотивната кампања за играната серија посветена на животот на американскиот моден дизајнер Рој Халстон.