На 11 јуни се одржа наградниот церемонијал за прогласување на победниците на еден од најголемите креативни настани во Европа – Меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square, кој оваа година за прв пат се одржа во комбиниран онлајн/офлајн формат.
Едукативниот и бизнис дел на програмата беше презентирана од страна на креативни директори на глобални агенциски мрежи и локални агенции од повеќе од 25 држави ширум светот, освојувачи на мноштво награди, вклучувајќи и повеќе од 400 кански „лавови“ вкупно. Повеќето од нив беа дел и од овогодинешното жири на фестивалот.
На White Square 2021 работеа седум меѓународни жири комисии во формат на онлајн конференција, и тоа на темите: Creative, Branding, Marketing, Digital, Media и Mass Media, додека пак главната Grand Prix награда на фестивалот ја одлучуваше Големото жири, претставувано од претседателите на жири комисиите во претходноспоменатите категории.
Оваа година за наградите беа пријавени 901 креативни проекти од 25 различни држави кои се натпреваруваа во категориите: Creativity, Branding, Marketing, Marketing Effectiveness, Media, Digital и Craft.
Целосната листа на победници може да се погледне на следниот линк. Честитки до сите!
Во рамките на фестивалот се одржа и натпревар за млади креативци YOUNG CREATORS, поддржан од брендот Crello – графичка онлајн платформа со која лесно може да се создаваат статички и динамички содржини во само неколку минути, користејќи готови предлошки или создавајќи целосно нови проекти.
Организаторите на фестивалот White Square – Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија им се заблагодари на сите учесници, членови на жири комисии и партнери на фестивалот, посакувајќи им нови победи и инспирација!