Во петокот, 11 јуни, се одржа четвртото издание на престижниот фестивал за маркетинг, Effie Awards Србија.
Публицис групацијата оваа година имаше повеќе кампањи финалисти во различни категории, меѓу кои и кампањата „Discovered by Coke“ на Публицис Скопје, реализирана за Кока-Кола во Србија, кој воедно беше и единствениот претставник од Македонија.
Единственото злато доделено на овогодинешниот фестивал заслужено заврши во рацете на агенцијата Leo Burnett Белград, дел од Публицис групацијата во Србија, која се закити со вкупно 4 награди на фестивалот.
Leo Burnett Белград го освои Effie златото во категоријата „Internet & Telecom“ со кампањата „Мајки, добредојдовте на свет“ која беше реализирана за А1 Србија, a за истата освои сребро во категоријата „Social Good – Brands“.
Агенцијата беше наградена со сребро и за кампањата „Сениори – Имам минута“, како со и Effie бронза за кампањата „Годините се важни“ во категоријата „Internet & Telecom“.
Effie Awards е признание кое се доделува на локално, регионално и глобално ниво. Финалистите се оценуваат според нивната креативност, но и ефикасноста на кампањата, односно вредноста која ја создаваат за брендот.
По една година пауза, фестивалот за првпат се одржа онлајн, а 45 експерти од областа на маркетинг и комуникации беа дел од жири комисијата која оценуваше преку 40 кампањи реализирани во Србија во 2019/2020 година. Од нив, само 15 се пласираа во финалето.