Платформата за размена на пораки WhatsApp ја лансираше својата прв меѓународна кампања во која ги истакнува предностите на својата енкрипција на пораки која ја заштитува приватноста на корисниците.
Во првиот рекламен спот на кампњата, гледаме сцена во некој рибен ресторан. На маса седат еден маж и две жени, при што покануваат уште еден маж да седне заедно со нив. Почнуваат сите заедно да разговараат и со тек не време станува јасно дека се јавува некаков интерес помеѓу една од жените и новодојдениот маж. Нивниот разговор продолжува приватно преку WhatsApp, но никогаш не дознаваме што точно си пишуваат еден на друг.
Рекламата завршува со пораката „Што ги зближи еден со друг? Со помош на целосната енкрипција, само тие си знаат“ – истакнувајќи ја главната вредност на апликацијата, односно нејзината максимална приватност.
Кампањата е создадена со помош на агенциската групација на BBDO, односно на канцелариите на BBDO во Сан Франциско, Берлин и Индија, со дополнителна помош од креативните агенции Creative X и Mindshare.
Кампањата е веќе лансирана во Обединетото Кралство и Германија, а наскоро и во Франција, Мексико, Индонезија, Индија и Бразил. Покрај видео спотови, кампањата ќе вклучува и дигитални, онлајн и out-of-home активности.