Во склоп на Викенд Медиа Фестивалот кој неодамна се оддржа во Ровињ, се оддржа и традиционалниот Balcannes панел “Поглед преко плота“ на кој истакнати претставници од медиа-маркетинг индустријата од пооделните балкански земји презентираа каква е моменталната состојба и кои се трендовите на пазарот во кој работат.
Учесници на панелот беа : Владимир Димовски (Македонија) , Марјан Новак (Словенија), Славко Цариќ (Србија), Аднан Билал (БиХ) , Аунеди Медек (Хрватска) и Саша Радуловиќ (Црна Гора).
Од она што можевме да го погледнеме од презентациите можеме да извлечеме заклучок дека горе-долу “морето“ исто се бранува насекаде и трендовите кои владеат на пазарите од регионот не се разликуваат премногу. Секако постојат и некои исклучоци каде определени пазари предничат во некои “димензии“ но тие разлики не се суштински.
Во продолжение погледнете ги презентациите на говорниците од соседните држави:
ХРВАТСКА
СРБИЈА
БиХ
ЦРНА ГОРА
СЛОВЕНИЈА