Европскиот суд соопшти дека YouTube и другите платформи не се одговорни за кршење на авторските права за содржината што корисниците ја поставуваат на своите платформи под одредени услови.
Овој случај е најнов во долготрајната борба помеѓу европската креативна индустрија и онлајн платформите, додека првите бараат надомест од вторите за неовластено користење на содржината кога се пренесува на платформите.
YouTube се најде на обвинителна клупа откако Френк Петерсон, музички продуцент, ги тужеше YouTube и Google во Германија поради тоа што корисници на мрежата во текот на 2008 година пренеле неколку фонограми заштитени со авторски права.
Во друг случај, продуцентската куќа Елсевиер во Германија го тужеше Cyando, сервис што обезбедува услуги за складирање на податоци, откако неговите корисници прикачиле неколку дела на Елзевиер на својата платформа Uploaded 2013 без одобрение на Елсевиер.
Германски суд дополнително побара совет од Европскиот суд, кој во вторникот донесе пресуда во двата случаи.