Туристичкото биро на Исланд лансираше нова меѓународна кампања со која ги охрабрува луѓето да ја напуштат монотонијата на секојдневието и да се упатат на авантура во Исланд.
Централната реклама на кампањата е замислена како музички видео спот во кој различни луѓе ја трансформираат монотонијата на секојдневните активности во забавни и возбудливи моменти во дивината на Исланд.
Притоа, сето тоа е симболички претставено преку опозицијата на „тренерки“ и „планинарски чизми“, односно – тренерките како удобен придружник на домот да бидат заменети со отпорни планинарски чизми.
Како дел од кампањата, посетителите на Исланд навистина можат да го направа токму тоа. Имено, во главниот град Рејкјавик е поставена поп-ап продавница во која посетителите може да ги остават своите стари тренерки и потоа да ги добијат назад преработени во планинарски чизми.
Покрај видео-спотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата исто така ќе вклучува и различни активности на социјалните мрежи, меѓу кои и видео-предизвик на TikTok.
Кампањата е создадена со помош на креативните агенции M&C Saatchi London, SS&K и Peel Iceland, во партнерство со продукциската куќа SKOT Productions.