Голем број на возачи се соочуваат со стрес и неудобност во различни возачки ситуации, а дел од нив попрво би изгледале некој страшен хорор филм отколку да се соочат со нивните возачки стравови.
Илустрирајќи некои од најнапнатите стресни ситуации на патиштата, Volkswagen Australia и комуникациската агенција DDB Sydney создадоа серија на постери во стилот на хорор филмови кои се фокусираат на паралелното паркирање, приклучувањето на автопат, неодлучноста при кружните текови и потребата за нагло закочување.
Според DDB Sydney, 79% од австралиските возачи имаат некаков страв при возењето, при што за најголем број од нив како најстрашно се посочува паралелното паркирање.
View this post on Instagram
Меѓутоа, наместо дополнително да ги уплаши возачите, кампањата има за цел промоција на опциите за возачка асистенција на автомобилот Volkswagen Tiguan, кои на возачите навистина можат да им помогнат во возењето, да ги намалат нивните стравови и да им ја внесат потребната самодоверба во возењето.
За реализација на кампањата бил ангажиран канадскиот илустратор на филмски постери Мет Рајан Тобин, кој претходно има работено со филмски студија како Disney, Marvel Studios, Paramount Pictures и Warner Bros.
Како дел од кампањата бил создаден и 30-секунден рекламен спот, остварен со помош на продукциската компанија Revolver.