Доделени UEPS признанија за McCann Белград и клиентите Бамби, Кока Кола, “Да се знае“, Белградска филхармонија и ЛицеВлице
UEPS организираше свечена церемонија за доделување на наградите која што ги обедини најдобрите агенции и брендови/компании во 2020 година кои постигнаа успех во непредвидени услови. Традиционалните признанија на Здружението за пазарни комуникации (UEPS) и оваа година на агенцијата McCann Белград и донесоа титула Агенција на годината и дури 22 награди, меѓу кои најмногу се истакна пораката за благодарност до здравствените работници ширум светот .
„Благодарни сме на нашите партнери и клиенти, како и на соработниците без чија помош и поддршка ова достигнување немаше да биде можно. Многу сме горди што агенцијата McCann Белград е прогласена за Агенција на годината, овие награди се доказ дека нашиот тим постигнува одлични резултати и создава врвни проекти дури и во најтешките услови“, рече Јелена Јазиќ, директор на агенцијата McCann Белград.
Сите наградени кампањи можете да ги погледнете на следниот линк.