Брендот “Јана“ јасно го кажа својот став за важноста на зачувувањето на природата
Земјата не се врти за нас, туку за нашата иднина – е една од најважните пораки на новата кампања на брендот “Јана“. За да придонесе за одржливост и зачувување на природата за идните генерации, “Јана“ отсега е во 100% рециклирана пластика. Освен фактот што употребата на 100% рециклиран материјал ќе ја намали циркулацијата на пластика во природата, количината на пластика во новите шишиња “Јана“ е помала, а со тоа и емисиите на СО2 се намалуваат за повеќе од 75%.
Своето ново руво, “Јана“ го претстави со видео во соработка со светски познатиот режисер Ханс Емануел и Ред продукција. Филмот се снимаше два дена во областа Горски котар и Меџимурје и совршено покажува како една од примарните задачи на човекот е да ја остави природата онаква каква што ја затекнал, за да можат идните генерации да уживаат во неа.
Покрај веќе познатата платформа на “Јана“ – „Длабоко над сè“, со која се комуницира препознатливиот состав на Јана, беспрекорната чистота и свиленкаст вкус, овој пат пораките за одржливост се заокружуваат со нов потпис – „Од почит кон природата“.
Кампањата ја потпишува агенцијата Saatchi & Saatchi Хрватска.