Брендот за брза храна McDonald’s е толку убеден во својата препознатливост, што може да си дозволи да ги пикселира своите реклами и да биде сигурен дека ќе знаете за кого се работи.
По повод повторното отворање на рестораните на McDonald’s во Франција, брендот лансираше постер кампања во која сликите на вкусни оброци се целосно пикселирани, а на нив стои само текстот „Погодете кој се врати?“
Минималистичката кампања насловена “No Logo” беше создадена со помош на креативната агенција TBWA\Paris, со која брендот има долгогодишна соработка.
Ваквиот тип на кампањи пополека стануваат вообичаени за McDonald’s, кој во последно време често знае да го отфрли своето лого од рекламите или креативно да си игра со неговите „златни лаци“.
Навистина е фасцинантно како еден бренд може да биде толку одомаќинет во популарната култура, за неговите реклами да бидат препознатливи дури и кога се сведени на решетка од матни ранобојни коцки.