Минатиот четврток во прекрасниот амбиент на градината на хотел Солун во Скопје, се оддржа 37-то издание на најпознатиот нетворкинг настан во државава – Бизнис Кафе Македонија.
За прв пат после повеќе од една година пауза поради пандемијата, се одржа ново издание во феноменална атмосфера и позитивна енергија која ја носат само посетителите на овој настан и одличните гости говорници кои со присутните ги споделија своите животни и бизнис приказни.
Посетителите најпрво ги слушнаа и разменија прашања и мислења со Марко Дамевски, менаџер за продажба во Winner Life, Стефанија Гаштарска, дипломиран балетски уметник во Болшој академијата и Дејан Маџоски, директор за човечки ресурски во НЛБ Банка, а потоа сите заедно во неформална и опуштена атмосфера имаа можност лично да се запознаваат, разменуваат бизнис идеи и да иницираат различни соработки.
Мал дел од атмосферата во четвртокот можете да “фатите” и преку фотографиите во продолжение: