Технолошкиот гигант Apple лансираше нова реклама во која ја истакнува способноста на новите паметни телефони од серијата iPhone 12 да сликаат висококвалитетни фотографии дури и во ноќни услови.
Забавниот спот ја прикажува моќта на опцијата “Night Mode” на моделите iPhone 12 и iPhone 12 Pro, која претставува значителна надоградба во однос на претходниот iPhone 11. Притоа, функцијата е компатибилна со сите камери на уредите, вклучително и предната за правење на „селфиња“.
Поскапата верзија на iPhone 12 Pro оди уште еден чекор понатаму и има интегриран LiDAR скенер, што уште повеќе ја засилува фотографијата во услови на ниска светлина.
Рекламата е пропратена со соодветната песна “In The Dark” на американскиот рапер YG.