Луксузниот часовничарски бренд TAG Heuer, во партнерство со Nintendo, лансира нов паметен часовник инспириран од „Супер Марио“ кој фитнесот ќе го претвори во игра.
Популарниот главен лик од истоимената видео-игра ќе се најде во центарот на дигиталниот дисплеј на часовникот, изведувајќи различни анимации во согласност со процентуалното исполнување на предвидените фитнес активности на неговиот носител.
„Живата и активна личност на Супер Марио ќе ги охрабрува и носителите на овој паметен часовник да уживаат во движењето,“ истакнуваат од TAG Heuer.
Носителите ќе имаат можност да избираат од четири различни дисплејни графики поврзани со темата „Супер Марио“, меѓу кои и една пикселирана ретро-верзија инспирирана од изданието на видео-играта “Super Mario Bros” од 1985 година.
Покрај различните дисплејни решенија, симболи поврзани со Супер Марио ќе бидат прикажани на прстенот на часовникот, додека пак монограмот на јунакот („М“) ќе се најде на круната на часовникот. На задниот дел од куќиштето ќе биде врежан текстот “TAG Heuer x Super Mario Limited Edition”.
Часовникот ќе биде достапен во ограничен број од 2.000 примероци, по цена од 2.150 долари.
Повеќе информации за паметниот часовник се достапни на следниот линк.