Доколку купите пакување Oreo и го поставите на некое воочливо место во домот кој го делите со повеќе луѓе, веројатноста е дека следниот пат кога ќе ги барате колачињата – нема да ги најдете.
Токму поради тоа Oreo се одлучи за една интересна промотивна кампања за тенката варијанта на колачињата, Oreo Thins, која се состои во специјални пакувања за камуфалажа.
Имено, Oreo се здружи со други брендови како Ford, Green Giant, Hanes и Better Homes & Gardens, за да дизајнира пакувања кои можат да бидат така поставени за да изгледаат како книга со рецепти, прирачник за автомобил, диплени алишта и пакување за зеленчук.
„Никој не може да ги изеде вашите колачиња околку не може да ги најде!“ – победнички декларираат од Oreo по повод кампањата.
За жал, пакувањата нема да бидат достапни во слободна продажба, туку ќе бидат доделувани како дел од наградна игра преку социјалните онлајн канали на брендот.