Кинеската компанија Xiaomi официјално го надмина американски Apple во производството на паметни телефони, станувајќи вториот најголем производител во светот, веднаш зад јужнокорејски Samsung.
Според новиот извештај на аналитичката компанија Canalys за состојбата во светскиот технолошки пазар, во вториот квартал на 2021, Xiaomi забележале пораст од неверојатни 83% во продажбата на паметни телефони во светот.
Извозот на Xiaomi во Латинска Америка се зголемил за 300%, во Африка за 150%, а во Западна Европа за 50%.
Светскиот пазар на паметни телефони сé уште го предводи Samsung со удел од 19%, по кого сега следи Xiaomi со удел од 17%, а трети се Apple со 14%.
Кинескиот конкурент Huawei отпаднал од листата на топ 5 најголеми производители, како резултат на безбедносните грижи околу нивните уреди во неколку светски држави, меѓу кои и САД.