Компанијата за безалкохолни пијалоци Coca-Cola е на добар пат да излезе од пандемијата посилна од кога било – тоа барем го укажуваат одличните резултати за вториот квартал од годината.
Компанијата во текот на 2020 година презеде одлучни акции за да ги ублажи последиците од пандемијата, скратувајќи го својот маркетинг буџет, рационализирајќи го портфолиото на брендови и редизајнирајќи ја организациската структура.
Ваквите одлуки придонесоа за голем економски скок, рекордно побрз од очекуваното. Во вториот квартал на годината, нето приходите на компанијата за зголемиле за 42%, а нето добивката за 48%. Ова претставува значително подобрување во однос на истиот период во 2020, кога компанијата го забележала својот најголем пад во последните 30 години.
Според генералниот финансиски директор, Џон Марфи, компанијата скоро двојно го зголемила маркетинг буџетот во однос на минатата година, со цел поддршка на силната маркетиншка и иновациска агенда на Coca-Cola.
Според него, трите клучни приоритети за маркетиншки инвестиции на компанијата ќе бидат: да се зголемат до ниво слично на она во 2019 година, да се подобри квалитетот на тие инвестиции и да се алоцираат на потергетиран начин. Фокусот ќе биде насочен кон иновациите, маркетиншката ефикасност и ефективност.
Coca-Cola решила оваа година да го намали своето учество на Олимписките игри, но да ги зајакне своите “direct-to-consumer” активности, главно со примена на дигиталните иновации и технологии.