Технолошкиот гигант Apple се реши дека најдобриот начин за промоција на фотографските способности на новиот iPhone 12 е преку хумористични црно-бели фотографии на животни.
Портретите на кучиња и мачиња облечени во разни костимчиња се дело на американскиот фотограф Џејсон Носито, кој по повод кампањата изјави: „Постојано гледате миленици, а тие се смешни. Тие се смешни слики, но овие слики се и некако сериозни кога ќе размислите. Но, сепак пресмешни“.
Пораката на кампањата е дека со камерата на новите iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max, нема да ви биде потребно професионално фотографско студио за да направите професионални фотографии. Толку добри, што на животинските портрети јасно се гледаат и најмалите детали, од трепки до мустаќи.
Фотографиите ќе го „окупираат“ интернет просторот, а истовремено и дел од билборд просторот низ САД.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA/Media Arts Lab.