Технолошкиот гигант Alphabet, матичната компанија на Google и YouTube, соопшти силни финансиски резултати за вториот квартал од 2021 година.
Огласувачките приходи на Google надминале над 50 милијарди долари, што е далеку повеќе во споредба со износот од скоро 30 милијарди долари забележан во истиот период минатата година. Приходите на YouTube пак, достигнале 7 милијарди долари.
Вкупните приходи на Alphabet достигнале 61.9 милијарди долари, што преставува раст од дури 62% во споредба со износот од 38.2 милијарди долари забележан во истиот период лани.
Оперативниот профит на компанијата исто така пораснал, и тоа за 31% на годишно ниво, достигнувајќи 19.3 милијарди долари.
Регионите на Северна Америка и Европа остануваат најголемите извори на приход на компанијата, истовремено забележувајќи раст од 57%, односно 53%, соодветно. Меѓутоа, кога е во прашање самиот процентуален раст, предначи регионот на Централна и Јужна Америка, каде е забележно покачување на приходите од 83%. Во однос на Азиско-Пацифичкиот регион, тој процент изнесува 62%.
Како најзначајни двигатели во развојот на Alphabet се посочуваат инвестициите во вештачката интелигенција, cloud-услугите и нелинеарните форми на телевизија.