Овогодишното издание на меѓународниот адвертајзинг фестивал Golden Drum ќе се одржи виртуелно, од 13 до 15 октомври, а за пријавување остануваат уште 10 дена (до 13 август 2021).
Целта на фестивалот е да ги слави најдобрите идеи, најдобрите креативни тимови и најдобрите индивидуалци кои оставиле свој белег на индустријата и успеале да внесат душа во некоја одлична идеја.
Мотото на овогодишното издание е RE:START THE FUTURE („Рестартирајте ја иднината“). Наместо досегашните две натпреварувачки категории WHAT и WHY, со овогодишното издание се воведува нова натпреварувачка структура составена од четири основни категории: One-Channel, Omni-Channel, Craft и Creative Business Excellence Drum.
Покрај нив, предвидена е и една специјална категорија All Juries, односно заеднички награди од сите жирија кои ќе се доделуваат на кампањи кои се фокусираат на локалниот дух, општественото добро, но и проекти создадени како одговор на пандемијата на корона вирусот.
На фестивалот можат да се пријават сите креативни решенија кои се за прв пат емитувани, објавени или применети во периодот од 1 јануари 2019 година до 1 септември 2021 година.
Сите заинтересирани може да прочитаат повеќе за фестивалот и да ги пријават своите креативни проекти на следниот линк.