Автор: Ана Симона Зеленовиќ, кустос на галеријата “Novembar” од Белград, Србија
Разбирањето на уметничките дела дозволува истите да предизвикаат емоции кај вас, какви и да бидат тие. Дури и ако не знаете многу за уметноста, можете да ја разберете, да ја доживеете на специфичен начин.
Уметноста во работните ентериери носи многу придобивки за вработените и за сите оние кои го посетуваат тој простор, соработници или клиенти. Уметничките дела пред сé влијаат позитивно врз емотивните и психички процеси на луѓето – тие делуваат и поттикнувачки и смирувачки, нудат инспирација за работа, но и одмор. Вработените во својата преокупираност со работата некогаш не можат да размислуваат навор од зададените рамки за решавање на проблемите, затоа е тука уметноста да понуди размислување кое е креативно, неочекувано и инвентивно. Уметноста ја подобрува мотивацијата и креативноста и влијае позитивно на социјалните интеракци, така што и меѓуколегијалните односи и деловните односи на несвесно ниво се подобруваат без напор.
Имено, уметноста создава специфична атмосфера. Со внимателен избор на уметнички дела, се поттикнуваат раазлични посакувани работни резултати. Ако просторот е наменет за креативни состаноци каде се врши екстензивна размна на идеи и живее брејнстормингот, на охрабрувачки и инспиративен начин би влијаеле уметнички дела чии ликовни карактеристики се интензивни, формите се невообичаени, а контрастите нагласени. Уметноста би понудила нов поглед на проблемите, ситуациите или потенцијалните решенија. Под услов одреден простор да се користи за преговори, склучување на договори, понуди и финализирање на решенија, уметничките дела во него треба да креираат атмосфера на мир, да содржат елементи кои со своите визуелни својства ги смируваат набљудувачите, со цел да се постигнат посакуваните резултати од двете страни во таков смирен дух. Во просториите каде вработените се состануваат за исхрана и релаксација, уметничките дела се тука за да дадат забава и одмор. Затоа, уметноста во деловниот простор треба да ја следи функцијата на просторот и да создава поволна атмосфера за развој на бизнисот, оставајќи ги и вработените и клиентите задоволни.
Покрај тоа што им служи на луѓето, уметноста служи и на самата компанија – во деловниот успех и во угледот на компанијата. Одбраните дела влијаат врз репутацијата, така што го креираат идентитетот на деловниот простор и со тоа на самата компанија. Компанијата која избира современа уметност за декор на своите постори испраќа порака за сопствената современост, вклученоста во современите културни текови и следењето на трендовите. Купувањето и изложувањето на современа уметност исто така зборува за вредностите на компанијата – поддршка за развојот на културната сцена преку негување на културниот диверзитет, односно препознавање и поттикнување на младите таленти. Промовирањето на уметноста како вредност е она што најексплицитно говори за идентитетот на компанијата. Со вложување во уметноста, компанијата станува активен учесник во културата на една средина, насочувајќи ги тековите на уметничкиот пазар, што влијае поволно на статусот на компанијата во заедницата во која делува. Уште од пионерската уметничка колекција на Дејвид Рокфелер во 50-тите години на минатиот век, корпоративните уметнички колекции станаа обележја за успешноста во работењето, стандардот и статусот на компанијата, како и за етаблирање на компанијата и нејзината репутација.
На пример агенцијата за стратешки комуникации Two Rivers од Белград – делата кои се избрани за да го оплеменат просторот на компанијата на улица Topolska 22 говорат за нејзиниот идентитет и цели. Изборот на дела од млади уметнички и уметници сведочи за ориентацијата на оваа компанија кон иднината, прогресот и развојот. Покрај тоа што зборува за улогата која компанијата ја има во поддршката на локалната уметничка сцена, слекцијата говори и за вредностите кои компанијата ги застапува. Големата ѕидна инсталација „Врв над кањонот“ на младата, но веќе етаблирана уметница Нина Ивановиќ, како централно уметничко дело во просторијата за состаноци, привлекува внимание кон важноста на еколошката свест во работењето, имајќи во предвид дека уметницата има посветено цела серија дела на загрозените природни добра. Делата на Селма Селман, млада уметница од Босна и Херцеговите, зборуваат за етничкиот идентитет на уметницата од ромско потекло, односно и присуството на нејзини дела е прилог кон вредностите на компанијата – поддршка на работата во мултиетничките заедници, со разбирање и прифаќање на идентитетските и културни разлики. Културниот диверзитет како вредност се отсликува и со изборот на дела од Ана Миленковиќ, на кои се прикажани елементи од далекуисточните култури, а кои се изложени во просториите каде се работи на комуникација – сугерирајќи со тоа дека без разлика на привидната оддалеченост можеме да најдеме начин да се разбереме и договориме, што е од клучна важност за комуникациските и маркетинг услуги.
Кога зборуваме за функционалноста на уменоста, во просторијата за состаноци се наоѓаат различни, но синхронизирани цртежи. Смирувачки, а сепак разиграни со своите деликатни линии и ненаметливи димензии, поволно влијаејќи на атмосферата на сталоженост и мирен тек на разговорите. Просторијата во која се решаваат прашања за развојот и економијата е затоа украсена со цртежот „Жмурка“ на Селена Вицковиќ, кој со своите топли тонови и разиграна содржина поттикнува размилсување надвор од ригидните рамки и привлекува внимание на фактот дека постојат и помалку очигледни, „скриени“ решенија за навидум нималку инспиративните ситуации. Конференциската сала ја краси голема слика, акрил на платно од Марија Аврамовиќ, уметница од Белград која живее и работи во Париз. Нејзиното дело „Ново место за да се нурне“ со освежувачки приказ на вода во базен, како да повикува на нови, свежи и креативни предлози, брејнсторминг полн со иновативни идеи.
Two Rivers по сопствен пимер укажува на значењето на уметноста во деловниот простор, на нејзината повеќедимензионална цел, како и на придобивките за работата, вработените и клиентите. Токму затоа, компанијата е тука да го пренесе своето искуство и на своите клиенти – тука е да понуди консалтинг за избор на дела за деловниот простор, но и за приватни простори, како и да помогне во изградбата на кохерентна уметничка колекција.
Two Rivers нуди услуги за консалтинг, комуникации, дигитална репутација, едукациија, анализа на медиски податоци и уметнички консалтинг. Во изградбата на идентитетот на брендот, неговата репутавија, во едукацијата, комуникацијата и визуелниот идентитет, уметноста има повеќекратна улога. Затоа Two Rivers одлучи да ѝ даде на уметноста голема улога во својата работа – како преку консултации во полето на купувањето и изградбата на уметнички колекции, така и преку вргадувањето на уметноста во сопствениот идентитет.