Како продолжение на претходнообјавената олимписка реклама “New Fairies” („Нови самовили“), брендот за спортска опрема Nike создаде прекрасна музичка кутија со една многу специјална „балерина“ со самовилски крилја на грбот.
Балерината е всушност фигурина на младата бразилска скејтбордистка Рејса Леал која на седум години стана интернет сензација по своето скејтање во костим на самовилска принцеза, а сега на 13 години освои сребрен олимписки медал во скејтбординг.
Музичката кутија е изрезбана од дрво, го прикажува логото на Nike, а кога е отворена, ја емитува песната “A Dream is a Wish Your Heart Makes” од дизниевиот анимиран филм “Cinderella” („Пепелашка“).
Кутијата, како и именуваната олимписка реклама, е создадена со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy São Paulo.
Целта на кампањата е инспирирање на нова генерација на женски спортистки, полни со самодоверба и силна волја за успех.