Видео-платформата YouTube започна сеопфатна огласувачка кампања со цел промоција на свјот нов сервис за кратки видеа “Shorts”, конкурентен на социјалната мрежа TikTok.
Сервисот YouTube Shorts беше лансиран во јули во преку 100 држави низ светот и веќе почна да надминува 15 милијарди прегледи дневно.
Кампањата доаѓа заедно со соопштението дека компанијата обезбедила фонд од 100 милиони долари за поддршка на креаторите да ги монетизираат своите кратки видеа и за привлекување на повеќе корисници кон новиот сервис.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Interesting Development и главно се состои од кратки спотови од 15 и 20 секунди кои прикажуваат музички изведувачи како The Weeknd, BTS, Doja Cat и Camila Cabello, интегрирани во новиот сервис.
Покрај YouTube, кампањата ќе се спроведува и на други социјални платформи како Instagram, Snapchat и Twitter.
Именуваните артисти и другите партнери на кампањата активно ќе се вклучат во промоцијата на новиот сервис, прикачувајќи свои кратки видеа на Shorts и споделувајќи ги и преку другите социјални канали под нивно име.
Кампањата главно ги таргетира припадниците на Генерацијата Z и креаторите кои сакаат да гледаат и создаваат видео содржини во краток формат.