Брендот за спортска опрема Nike лансираше нова кампања за британскиот пазар во која им оддава признание на своите вработени продавачи.
Кампањата насловена “Ask out athletes” („Прашајте ги нашите атлети“) ќе се состои од серија на спотови кои ги претставуваат продавачите на Nike како врвни професионалци кои си ја знаат работата и артиклите кои ги продаваат преку практично искуство.
Во првиот објавен спот, насловен „Самодоверба“, се запознаваме со приказната на еден продавач кој во текот на целиот свој живот се занимавал со трчање, тренинг и спорт, па кога некој ќе го праша за патики за трчање, тој се наметнува како вистинскиот човек за таа работа.
Различните спотови од кои е составена кампањата постепено ќе бидат објавувани преку социјалните профили и другите дигитални канали на брендот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BMB и продукциската куќа Outsider.