Во четврток, на 9-ти октомври, во Концепт 37 во Скопје, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи првото IAB Networking Café организирано од ИАБ Македонија. Покрај квалитетниот нетворкинг, еднаш квартално членовите ќе имаат прилика да се запознаат со некои иновации на домашниот дигитален пазар, успешни кампањи, примери од добри практики и размена на корисни информации.
На првото, есенско, Networking Cafe, презентација ќе одржи Филип Младеновски од Httpool Македонија на тема:Programmatic ad buying: RTB, concepts, technologies and the Macedonian reality.
„Целта е на домашниот дигитален пазар да се пренесат светските трендови од дигиталната индустрија и иновациите на развиените пазари, напредните дисплеј и видео формати за ефикасно брендирање и активација на публиката, како и преку примери да се покаже колкава е моќта на дигиталните медиуми и алатките кои овозможуваат раст на бизнисите”, вели Дарко Лазаревски, Претседател на ИАБ Македонија. „Членовите на ИАБ Македонија, односно маркетинг агенциите, дигиталните медиуми и креатори на онлајн содржина, како и компаниите кои практикуваат дигитално огласување, можат да влијаат на дефинирање на стандардите и најдобрите практики на домашниот дигитален пазар. Нашата цел е континуиран развој, унапредување и раст на дигиталното огласување во Македонија, обезбедувајќи едукација и транспарентност на пазарот”, додава Лазаревски.
Освен членовите на ИАБ Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, потребно е вашето место да го резервирате на contact@iab.mk