Во вторник, 24 август, во Токио започнуваат 16-те Параолимписки игри. Во пресрет на почетокот на игрите, Меѓународниот параолимписки комитет ја лансираше глобалната иницијатива “WeThe15”.
Според сопствените зборови, се работи за „најголемото спортско движење за човекови права и ставање крај на дискриминацијата. Целта е да се трансформираат животите на 1.2 милијарди лица со попреченост кои претставуваат 15% од светската популација“.
Централниот спот на кампањата, кој ќе биде емитуван за време на церемониите на отворање и затворање на игрите, како и преку други канали, ја испраќа пораката дека луѓето со попреченост не се „специјални“ како што многумина сакаат да кажат, туку „нормални“ како и сите други, со многу заеднички и споделени животни желби и предизвици.
Иницијативата ќе биде промовирана и на 125 препознатливи локации и облежја низ светот, кои ќе бидат осветлени во виолетово – бојата на кампањата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциската куќа Pulse Films, додека пак медискиот закуп е задача на Omnicom Media Group.