Со оглед на тоа дека 40% од оброците на McDonald’s во Норвешка биле подигнати преку драјв-тру, компанијата се почувствувала одговорна да лансира кампања за безбедност во сообраќајот.
Кампањата ја искористува визуелната сличност на жолтите испрекинати линии на патиштата со вкусниот помрфит кој е дел од оброците на McDonald’s. Пораката до возачите е да ги „држат очите на помфритот“, односно кога возат нивното внимание да биде целосно насочено кон патот, а не да го одвлекуваат со јадење.
Креативи кои се служат со ваквата идеја ќе се најдат на крајпатни билборди, во водечките авто-мото магазини во државата, онлајн, како и на самите пакувања на оброците.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Nord DDB Oslo.